Гласањето во услови на Ковид–19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот. Портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани најави резултати два часа по затворањето, во 23 часот.
„Откако ќе заврши гласањето во 21 часот има процедури за пополнување обрасци по што ќе почне електронската дистрибуција на податоците до ДИК. Нашите пресметки се дека најдоцна до 23 часот ќе имаме значен број обработени податоци“, рече портпаролот Шабани.
До затворање на избирачките места останува помалку од еден час.