Деркоски: Крива Паланка со најголем одѕив во државава, до 17 часот гласале 58,7 отсто од избирачите

Од:

Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 отсто, а со оглед на ситуацијата во која се гласа, овој одѕив е задоволителен, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. До 17 часот на гласање излегле вкупно 703.597 гласачи.

Најголем одѕив до 17 часот има во Крива Паланка каде што на гласање излегле 58,7 отсто од гласачите.

Во Првата изборна единица на гласање излегле 127. 007 гласачи, односно одѕивот е 41,01 отсто. Во Втората изборна единица излегле 118.270, одѕивот е 36,98 отсто. Во третата изборна единица одѕивот е 43,87 отсто, гласале 122.181 гласач. Четвртата изборна единица има одѕив од 43, 99 отсто, односно гласале 124.276 граѓани. Во Петтата изборна единица излегле 120. 184 граѓани, одѕивот е 38,22 отсто и во Шестата изборна единица, повторно одѕивот е најмал, 29,6 отсто, гласале 91.678 гласачи.

„Голем одѕив има во Општина Аеродром 42,94 отсто, Карпош има одѕив од 44,11 отсто, во Кисела Вода одѕивот е 42,26 отсто и висок одѕив се бележи и во Македонски Брод каде што 55,65 отсто од гласачите излегле да гласаат. Во Центар одѕивот е 43,69 отсто. Во Изборната единица 2 висок одѕив има во Бутел 40,39 отсто, 36,55 отсто во Куманово. Во Третата изборна единица во Берово одѕивот е 48,32 отсто, во Крива Паланка 58, 7 отсто , каде што одѕивот е најголем во државата, Лозово 55,93, а во Изборната единица 4 одѕив од 44,84 има во Битола каде што излегле 35.700 гласачи, Во Кичево 39,27 отсто, во Охрид 41,7 отсто и во Шестата изборна единица Тетово има одѕив од 33,75 отсто, Гостивар 30,32 отсто, Јегуновце 31,99 отсто. Одѕивот е задоволителен со оглед на ситуацијата во која се гласа и очекуваме до крајот на денот гласачите да си остварат правото и да дадат легитимитет на овие избори“, рече претседателот Деркоски.

Тој нагласи дека добиле претставки за неколку нарушувања на изборниот процес и неколку приговори за повреда на изборен молк, кои веднаш биле решени i не можат да го нарушат изборниот процес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа