Гостиварски регион: одѕивот до 15 часот најголем во градот – 23.57 отсто

Од:

Според последните податоци на Изборната комисија, до 15 часот во трите општини во гостиварскиот регион на гласање излегле 26.007 граѓани.

Најголем одѕив има во општина Гостивар, каде од вкупниот број 79.945 избирачи, гласачкото право го оствариле 18.841 граѓанин, што е приближна излезност од 23.57 отсто.

Во општина Врапчиште на гласање излегле 5255 граѓани од вкупно запишаните 25.913, со што излезноста достигна 20,28 отсто.

Во најмалубројната општина – Маврово и Ростуше, која од оваа година е во Петтата изборна единица, на гласање излегле 1911 од вкупно 9996 избирачи што е приближно 19,12 проценти.

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар