Во Србија задолжително носење заштитни маски на отворено

Од:

Носењето маски на отворено ќе биде задолжително на територијата на цела Србија во околности во кои не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар, одлучи денеска Кризниот штаб.

Исто така, се препорачува да се носат заштитни маски на сите други јавни места на отворено.

Заштитни маски се задолжителни и на отворено, на места каде што не е можно да се обезбеди растојание од еден и пол метар, како што се редици пред продавниците, аптеките, автобуските и железничките постојки и слично.

Одлуките на Кризниот штаб ќе се применуваат на целата територија на цела Србија, а не, како што беше случај во последните неколку недели, само во одделни градови.

Ова важи и за носење маски во затворен простор, што досега беше задолжително во некои градови.

Сите мерки кои се усвоени денеска ќе се применуваат од петок, 17 јули.

На состанокот на Кризниот штаб донесена е одлука да се забрани собирање на повеќе од 10 лица на отворено.

На територијата на цела Србија, без оглед дали е прогласена вонредна состојба во одредена општина или град, забранети се собири на јавни места на затворен и отворен простор за повеќе од десет лица.

Владата на Република Србија уште еднаш апелира до граѓаните да ги почитуваат сите преземени мерки заради сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија