Известувачот на ОН, Дејвид Кеј, ја предупреди Белата куќа за негативниот „ефект на Трамп“ врз глобалната слобода на медиумите

Од:

Специјалниот известувач на ОН за слободата на изразување, Дејвид Кеј, ја обвини Белата куќа за „силен напад“ врз медиумите и предупреди на негативниот „ефект на Трамп“ врз глобалната слобода на медиумите.

На неговата последна прес-конференција пред крајот на неговиот шестгодишен мандат, што завршува на крајот на овој месец, Кеј изрази надеж дека „нападите“ врз новинарите во САД ќе престанат кога американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да биде на функцијата, пренесуваат британските медиуми.

-Овие четири години јасно го означија начинот на кој овој претседател зборува за медиумите, начинот на кој тој ги оцрнува медиумите и слободата на изразување, им рече Кеј на новинарите во Женева.

Според него, нападите на Трамп врз медиумите се рефлектираат во критики кон новинарите и ширење на „дезинформации“, како и во партнерство со конзервативните медиумски организации.

Запрашан за влијанието на оваа ситуација врз слободата на медиумите во светот Кеј кажа дека „очигледно дека има ефект на Трамп, и тоа многу негативен“ и додаде дека администрацијата на Трамп „создаде глобална култура во која е дозволен таквиот однос“, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир одговори дека ниту една друга администрација не била толку транспарентна како администрацијата на Доналд Трамп.

-Очекуваме од сите медиуми да бидат фер и точни, рече Дир, додавајќи дека претседателот Трамп нема да се откаже од борбата против оние што лажат.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски