Борел: Се надевам на важен исчекор во нормализација на односите Белград – Приштина

Од:

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги извести министрите за надворешни работи на ЕУ за продолжувањето на Дијалогот Беглград – Приштина истакнувајќи дека се надева дека на следниот состанок има „важен чекор во правец на нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина.

– Задоволен сум што можам да објавам дека Дијалогот Белград – Приштина повторно е придвижен и оти разговорите што почнаа во неделата ќе продолжат со втор состанок в четврток. Имаме широка агенда и договор за тоа за што мораме да разговараме за да дојдеме до правно обврзувачки договор за нормализација на односите помеѓу Приштина и Белград, истакна Борел.

Тој додаде дека ЕУ и специјалниот претставник Мирослав Лајчак „направиле добра работа“ за продолжување на Дијалогот Белград – Приштина.

Лајчак по вчерашната видео-средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека „Дијалогот е вратен на вистинскиот пат“ по 20 месечен застој.

В четврток во Брисел предвидена е физичка средба Вучиќ – Хоти.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија