Кардиохирургот Ристиќ открива: Млади и здрави умираат за два дена, направивме 17 обдукции, резултатите се фрапантни

Од:

Српскиот кардиохирург Миљко Ристиќ изјави дека обдукциите на починатите од коронавирусот дале фрапантни и исклучително загрижувачки податоци.

– Во Србија се направени 17 обдукции, а СЗО инаку не препорачува обдукции на починати од коронавирус, поради огромниот ризик присутните да се заразат. Кога станув збор за резултатите на обдукцијата, тие мораат да се знаат, особено треба да ги знаат младите за да им служат како предупредување, вели Ристиќ.

Тој истакнува дека умираат и млади луѓе, а меѓу обдукциите најголем е бројот на млади кои починале во рок од 24 до 48 часа.

Ова не е обично воспаление на белите дробови или настинка, туку сериозна болест. Треба да се влијае на свеста на младите за да ги намалат активностите, тоа е единствен реален начин да се спречи епидемијата, изјави доктор Ристиќ за српската Пинк.

Тој истакнува дека во моментов младите се заразуваат со ист ризик како и постарите, иако немаат претходни болести.

– Неретко младите завршуваат за еден до два дена. Треба да сфатите дека тоа е во нашето опкружување и дека сте можеби кандидат за вирусот, вели докторот.

Тој потенцира дека вирусот предизвикува инфекција, ги уништува белодробните крила, а тие кои го прележуваат имаат трајни последици штетни по здравјето, како малаксалост и умор.

Респираторот не е семоќен и не може да ја врати фунцијата на белите дробови

Респираторите, вели тој, не се семоќни и дозволуваат само здравиот дел од белите дробови да функционира полесно, додека делот погоден од инфекцијата е неповратно уништен.

– Ниту еден лек или респиратор не може да ја врати функцијата на белите дробови – вели д-р Ристиќ.

Споредено со април и мај, сега се соочуваме со потешка клиничка слика кај пациенти, со што поголем број пациенти се на хоспитализација, но и на респиратор, изјави за Пинк, државниот секретар на Министерството за здравство Берислав Векиќ.

Тој истакнува дека Министерството за здравство и Владата на Србија работат на проширување на капацитетите, со цел да им овозможи на сите со симптоми и тешкотии да бидат соодветно хоспитализирани.

– За време на викендот, сите пациенти од Институтот за ревматологија беа преместени во други простории на КЦС, така што зградата на Институтот ќе ги прими денеска првите ковид пациенти. Обезбедени се дополнителни 170 места, вели Векиќ.

Во Арената моментно има 178 пациенти, а во нив се сместени и умерено тешки пациенти, вели државниот секретар.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија