Царовска на средба со жителите на Драчево: Гласајте за „Можеме”, нудиме перспектива за идните генерации

Од:
Носителката на листа на пратеници во ИЕ 1 Мила Царовска, вечерва се сретна со жителите на населба Драчево и ги повика да гласаат на 15 јули и да го заокружат бројот 3.
-Нудиме нова развојна економија која носи стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите. Гарантираме повисоки плати и подобри работни места. Воспоставуваме модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца, младите и идните генерации, рече Царовска.
Според неа државава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено.
-Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3 проценти споредено со 2016 кога беше 48,6 отсто. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите, истакна Царовска.
Потсети дека СДСМ се грижи и за повoзрасните.
-Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Мнималната плата ја зголемуваме до 40 проценти, а присечната плата до 30 отсто. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!