Мицкоски од Пробиштип: СДСМ и Заев се минато завршено време и никогаш повторено, Македонија е разбудена

Од:

Знам и свесен сум дека сте одлучни да ги поразиме убедливо и да ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото кај народот, поентираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со граѓани во рударскиот град Пробиштип.

Мицкоски истакна дека изминатите години во опозиција работеле напорно и тоа, како што рече, само за Македонија, а токму тоа бил нивниот мотив, нивното се.

-Затоа јас ви ветувам, стојам пред вас овде во Пробиштип и ве гледам во очи и ви ветувам , после 15 јули никој нема да шефува, ниту пак да владее со Македонија, туку тој што ќе ја има привилегијата да управува со Владата ќе работи заедно со народот и за интересите на народот. Заврши времето на политичари елитисти, доаѓа време кога политичарите, коишто одлучиле да се приклучат на обновата ќе бидат овде со вас на овој плоштад ќе слушаат што народопт има да каже и тооа што го говори народот, тоа ќе бидат политиките на идната Влада, рече Мицкоски.

Забележа дека на овие избори ќе ја остварат најубедливата историска победа, а се осврна и на програмата „Обнова“, на која што работеле експерти.

-На 15 јули да излеземе масовно, да заокружиме за онаа Македонија која ја сакаме. Од првиот настан од Охрид па до овде се чувтсвува енергијата, за обновата, но она што е важно да престанеме да се понижуваме Вратете ја насмевката на вашите лица и она што е најважно е останете здрави, рече Мицкоски.

Пред граѓаните на Пробиштип се обрати и носителот на листата за пратеници во Изборна единица 3, Игор Јанушев. Според него по 16 јули доаѓа времето на обновата на македонија и зато ги повика граѓаните на 15 јули да излезат референдумски уште со отварањето на гласачките места.

-Но затоа ви даваме збор, аманет за нас дека во следните четири години ќе работиме интензивно и напорно да го вратиме македонското национално достоинство, онаму каде што му е местото, да не бидеме повеќе граѓани од втор ред во сопствената држава. Македонецот да биде човек, граѓанин на оваа држава со високо подигната глава и исправена кичма , истакна Јанушев.

ВМРО ДПМНЕ традиционално, како и на претходните избори, така и сега, кампањата за предвремените парламентарни избори ја завршува вечерва со собир на граѓани во Штип.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери