(ВИДЕО) Мицкоски: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е се поочигледна

Од:

Мотивирани сме, не мотивира поддршката на народот која што секојдневно ја добиваме и цениме дека успешно ќе се справиме со сите предизвици коишто ќе се испречат на нашиот пат во реализирање на нашата крајна цел, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, каде што традиционално партијата ја завршува кампањата со митнизи, а денеска поради пандемијата со средби со граѓани. Мицкоски забележа дека по средбите со младите, здравствените, културните работници и реалниот сектор е задоволен од сето она, какошто рече, ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во овие илјада решенија содржани во 360 страници на проектот „Обнова“.

-Тоа се чувствуваше впрочем и од првиот ден уште од Охрид, но еве потврда и од тука од Штип дека поддршката е голема. Поддршката е голема за реформите коишто ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ илјада решенија, јас би сакал уште дополнителни илјада решенија на проблеми да вклучиме во овој четиригодишен мандат, но најпрвин ќе треба да отпочнеме, да видиме сето она кое што ќе го затекнеме, а информациите се дека навистина ситуацијата е многу лоша, вели Мицкоски.

Забележа дека денеска е последен ден од кампањата, а измините 19 дена на средбите со граѓаните низ Македонија биле прекрасни.

-Нас навистина тоа не мотивира да истраеме во оваа наша битка и ценам дека ќе успееме и дека ќе направиме една поинаква Македонија споредено со ова денеска што го имаме – понижена и омаловажена. Но, тоа е завршена работа. За два дена од денеска ќе победи новата Македонија и македонските граѓани ќе може да се радуваат, вели Мицкоски.

Прашан доколку по 16 јули коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори, како ќе ги реализира проектите, кога државната каса е празна, Мицковски со одговор дека буџетот не се полни онаа динамика која што е предвидена, поради какошто рече лошите политики, калкулантските политики. Најави дека една од првите мерки кои би ги презел е ребалнас на буџетот.

-Ние имаме заменик технички министер од Министерството за финансии, со Гордана практично на дневна основа комуницираме и ги анализираме погрешните потези коишто ги влече ресорниот министер. За жал, поради својата надменост и би рекол примитивизам сето она кое што доаѓа како предлог од наша страна се одбива, но добро на тој начин тие предлози ќе ги сочуваме за нас и после 15 јули ќе можеме да ги аплицираме и да ја видат разликата помеѓу нивниот примитивизам и надменост и вистинската работа во интерес и за интересите на граѓаните, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања