(ВИДЕО) Славески: Ќе ја намалиме невработеноста под 10%, имаме нов развоен модел за Обнова на Македонија

Од:

„Да потсетам на некои од клучните таргети и поенти кои што ги слушавте изминатиот период од страна на нашите претставници на претседателот Мицкоски, нашите носители на листи, членовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Ние нудиме нов развоен модел кој што ќе овозможи раст на нашата економија врз стабилна основа од 4 до 5 % во наредниот 4 годишен период. Се обврзуваме невработеноста да ја намалиме на под 10 % на реална основа“, рече Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека ќе обезбедат и раст на платите и во приватниот и во јавниот сектор од просечно 25 %.

Славески рече дека пензиите ќе растат во согласност со порастот на платите и порастот на трошоците за живот.

„Оваа економска програма, економскиот дел на програмата на ВМРО-ДПМНЕ се темели на 3 клучни столбови. Имено како што кажав ние нудиме нов развоен модел кој ќе испорача висок и стабилен раст на македонската економија кој што ќе биде во корист на сите граѓани на Република Македонија“, додаде Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му