Заев за снимката објавена на Јутјуб: И денес мислам дека ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев се огласи на Фејсбук по повод снимениот разговор во кој се слуша негов глас, објавен денес на Јутјуб. Во разговорот со непознат соговорник чиј глас е мутиран, Заев одговара: „пет банки не вредат“, на коментарот на соговорникот: „А Шиптарите веќе ви ја пишат фактурата“.

„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери,“ вели Заев во реакцијата на објавениот разговор.

„Јас сум ја покажал и докажал мојата љубов и почит кон Албанците на дело. Не само со зборови туку и на дело. Го донесовме Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци, прв сум ја отворил партијата за Албанци високи функционери, прв направив предизборна коалиција со албанска партија и лично и фамилијарно сум поврзан со Албанците, кум сум на Мухамед Зекири и тоа ми е големо задоволство.

Целата јавност слушна дека јас не го изговарам никаде тој збор што е навредлив за моите сограѓани Албанци, туку тоа го прави соговорникот во снимениот разговор.

Ваквите ниски и очајни обиди само ме охрабруваат уште посилно да дејствувам за концептот едно општество за сите, чиј предводник сум. Ќе продолжам тоа да го правам и понатаму, со достојна почит кон сите мои сограѓани од сите етнички заедници.

Објавата на оваа срамна манипулација уште еднаш докажува дека глас за ДУИ е глас за Мицкоски и Груевски,“ вели претседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев