Нова снимка од Заев и непознат соговорник се појави на Јутјуб

Од:

Уште една аудио снимка на Зоран Заев во разговор со непознат соговорник е објавена денеска на Јутјуб, на канал со име „Партизани партизан“. Во разговорот, Заев одговара: „пет банки не вредат“, на коментарот на соговорникот: „А Шиптарите веќе ви ја пишат фактурата“.

„Не вредат на пазарот на гласови. Со избори и они ќе се валоризираат. Тие немаат роба позади себе за да пишуваат фактури“, вели Заев на снимката, која е објавена и во верзија на албански јазик.

Минатата недела, на Јутјуб се појавија разговори во кои се слуша соговорник со мутиран глас и Зоран Заев. Објавени беа две снимки, именувани како „Зоран Заев се договарал со Сашо Мијалков“ и „Заев знаел дека Шилегов правел криминал во второстепена комисија за јавни набавки“.

Во првата снимка соговорник со мутиран глас му вели на Заев дека Сашо е спремен за договор, по што добива одговор дека тој веќе се  гледал со него. Понатаму, се зборува и за решенија кои Заев бара да се издадат од Финансиската полиција за завршена истрага во Општина Струмица, тврдејќи дека се е регуларно и според закон.

Би можело да ве интересира

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска