Помпео: САД го отфрлаат извештајот на ОН за убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Од:

САД го отфрлаат заклучокот на специјалната известувачка на Обединетите нации за убиства без судење (extrajudicial executions), Ањес Каламар дека американскиот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани е кршење на меѓународното право.

– Го отфрламе извештајот и заклучоците… на известувачот на ОН Ањес Каламар за американскиот воздушен напад во кој беше убиен Касим Сулејмани, командант на Исламската револуционерна гарда. Заклучоците на госпоѓа Каламар се лажни, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој додаде дека нападот бил извршен во согласност со неприкосовеното право на самоодбрана на САД.

Според Каламар, неконтролираната употреба на вооружени беспилотни летала се закана по светската безбедност, а убиството на Сулејмани довело до опасност од меѓународен конфликт. САД го извршиле нападот без да го информариаат Ирак, со што го нарушиле територијаниот суверенитет на таа земја.

Помпео наведе дека нападот бил инициран по ексалација на воени напади во претходните месеци од страна на Исламската Република Иран и поддржаните од неа милитанти врз американски сили и интереси на Блискиот Исток.

– Нападот беше изведен да се спречи понатамошната иранска поддршка за напади врз САД и американските интереси и да се деградираат способностите на Кудс, истакна Попмео.

На 3 јануари годинава во близина на аеродромот во Багдад убиени се генерал Касим Сулејмани од елитните сили Кудс на Исламската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухандис, постар командант на ирачките Народни единици за мобилизација. Во нападот, покрај Сулејмани и иранските офицери, загинаа вкупно 10 лица, од кои петмина од Ирак.

Нападот уследи само еден дека откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД секогаш ќе ги штити американските дипломати, воени службеници и сите Американци.

Би можело да ве интересира

Помпео: Јасно е дека Русија стои зад хакерските напади на САД

Катерина Ѓуровски

Помпео ја поздрави најавата за преговори меѓу официјален Кабул и Талибанците

Жарко Настоски

Помпео го повика Лукашенко да ослободи американски советник уапсен уште во јули

Жарко Настоски

Помпео во Грција на средби со Мицотакис и Денедиас

А1он

Честитка од Помпео за 8 Септември: САД остануваат ваш цврст сојузник

А1он

Помпео бара продолжување на ембаргото на извоз на оружје во Иран