(ВИДЕО) Јанушев: На 15 јули заедно со граѓаните ќе ги им порачаме на СДСМ и Заев, доста е за сите лаги и лажни ветувања

Од:

„Денеска сме во посета на општина Зелениково каде што имавме прилика да разговараме со луѓето за нивните проблеми, но исто така да им кажеме што после 15 јули новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи за граѓаните во општина Зелениково.

Покрај бројните проекти она што го планираме е порастот на платите и пензиите и намалувањето на невработеноста, а она што е особено битно исто така за овие луѓе во делот на земјоделието, но и на обновата на фасадите во домовите“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборна единица 3.

„Она што исто така е факт е што имавме можност да поразговараме за делот неостварени ветувања односно лаги на СДСМ овде во Зелениково, еден таков пример е и мостот овде во месноста Река кој што и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку наврати во минатото и од страна ан градоначалникот односно локалната самоуправа, но и од страна на останатите високи функционери на СДСМ, буквално ништо не е направено.

Затоа драги пријатели време е да кажеме дека е доста и оваа влада и овие политичари да заминат на темната страна на историјата.
Ние сме различни. Ние нудиме иднина, извесност, ние нудиме да бидат со крената глава и исправена кичма.

Сето она што е ставено во програмата во проектот обнова ние земаме обврска, се обврзуваме пред граѓаните дека истото ќе биде почитувано и истото ќе се реализира во следниот период од 4 години.

Останете во добро здравје и чувајте се“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборна единица 3.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела