Мицкоски се обврзува на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте заедно со просечната

Од:

Претседателот и носител на кандидатска листа на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија 24, вети дека до крајот на мандатот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата ќе стигне над 18.000 денари.

„Минималната плата оваа која што е сега дефинирана на 14.500 денари бидејќи тоа е законско решение, тоа е стекнато право, инаку таа е врзана со медијална плата кај нас и ако се направи симулација на растот на просечната плата кој што го предвидуваме до крајот на мандатот некаде би стигнала некаде повеќе од 18.000 денари, што цениме дека ќе биде реалност,“ вели Мицкоски.

„Ние зборуваме да го следи трендот на 60 проценти од медијаната сама природна почнувајќи од ова почетна стапка сега 14.500, природно доколку растат просечните плати со стапка на растот од 25 проценти, ќе дојдеме ние до нешто над 18.000 денари. Така да нема да ја надмине, симулацијата е таа,“ додаде тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски