Генералното собрание на ОН усвои декларација за целите на африканските држави

Од:

Генералното собрание на Обединетите нации вчера со акламација ја усвои политичката декларација за целите на африканските земји во 21 век, која заеднички ја предложија сите држави-членки на Африканската унија (АУ).

Со усвојување на политичката декларација заврши дебатата за мирно решавање на споровите во Африка во соработка со АУ, по повод 50-годишнината од формирањето на оваа најмасовна регионална организација.

Во дебатата учествуваа 11 министри за надворешни работи, а покрај африканските шефови на дипломатијата учествуваа и претставници на САД, на ЕУ, на Русија, на Кина, на Бразил, на Австралија, на Туција и други земји.

Главна порака од конференцијата е дека Африка, благодарение на рекордниот економски развој во последните години и огромните природни богатства, станува се поважен актер на меѓународната сцена.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он