Германија прифаќа најмногу мигранти согласно договорот ЕУ-Турција

Од:

За четири години, Германија прими околу 10.000 мигранти од турските бегалски кампови согласно договорот склучен меѓу Европската унија и Турција, објави весникот „Велт“, повикувајќи се на одговорот на Министерството за внатрешни работи на прашање од Слободна демократска партија. Весникот нагласува дека Германија, со голема разлика, е лидер во ЕУ по бројот на мигранти примени од Турција.

Според податоците на Европската комисија, од 4 април 2016 година до 16 март 2020 година, 28.835 мигранти се преселиле во Европа, согласно договорот со Анкара, од кои 9.967 – во Германија.

Ова значи дека Германија прими двојно повеќе мигранти од Франција, која е на второ место по приемот на мигрантите од турските бегалски кампови. Договорот со Турција беше склучен откако таа земја прифати околу 3,6 милиони сириски бегалци.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад