Бразилската асоцијација на медиуми има намера да поднесе тужба против претседателот Жаир Болсонаро, затоа што ги стави новинарите во опасност од заразување со коронавирус за време на прес-конференција на која ги објави позитивните резултати од неговиот тест.
Претседателот на здружението, Пауло Жерониму де Соуза, рече дека претседателот „ги прекршил препораките на лекарите да го следат режимот на изолација“ со тоа што ги покани новинарите на прес-конференција. Болсонаро „продолжи да дејствува на криминален начин и да ги загрозува животите на другите, иако знаеше дека е заразен со Ковид-19, потенцираше тој.
Претставниците на медиумите го обвинија шефот на државата за кршење на два члена од Кривичниот законик, од кои едниот за „ширење заразна болест“, која предвидува казна до четири години затвор и парична казна. „Неприфатливо е овие активности да поминат неказнети“, велат претставниците на медиумите.
Синоќа,на прес-конференција Болсонеро објави дека е позитивен на коронавирус.