Профитот на Apple падна во вториот квартал од финансиската 2013. година, прв пат од 2003. и тоа за 18 отсто – на 9,5 милијарди долари, во однос на 11,6 милијарди долари во истиот период во 2012 година.
Apple во првите три месеци од оваа година продал 37,4 милиони смарфони “ајфон”, во споредба со 35,1 милион во истиот период лани.
Исто така се продадени 19,5 милиони iPad во однос на 11,8 милиони од јануари до март 2012. година.
На намалувањето на профитот на компанијата влијаело зголемувањето на конкуренцијата на пазарот за мобилни телефони и таблет компјутери, особено по јакнењето на активностите на јужнокорејскиот Самсунг.