Легендарната пеачка Мадона во долна облека со една патерица (штака) под пазувата и црн шешир на главата објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм во која пишува дека „Сите имаат патерици“.
Таа со своето смело издание ги изненади обожавателите по што предизвика многубројни реакции на социјалните мрежи. „Кралицата изгледа феноменално“ коментираше нејзин фан, такви позитивни коментари има многу, но беа забележани и негативни критики кои се однесуваа на нејзината возраст и „употребата на фотошоп“.
Јавноста последен пат можеше да ја види ѕвездата за време на нејзиното учество во протестите против расизмот во САД кои беа иницирани непосредно по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Пеачката и тогаш одеше со помош на патерици откако претходно се повреди на сценски настап.