Силјановска Давкова: Се обврзуваме на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик

Од:

Носителот на изборната единица 1 на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, денеска присуствуваше на промоција на книга „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, пред платото на МАНУ.

На промоцијата носителката на изборна единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска- Давкова даде поддршка на македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика.

-Денеска присуствував на промоција на четири капитални изданија за македонскиот јазик на платото пред МАНУ. Делата деновиве излегоа од печат на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. Треба да ги подржиме македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика. Конески не учеше дека јазикот е нашата татковина. Тоа е целиот идентитет во еден крик, во една мелодија. Со Обнова за Македонија ќе го зачуваме, истакна Силјановска.

Силјановска на промоцијата додаде дека таа и ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваат на зачувување и развој на културата, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Исто така, истакна де се обврзуваат на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања