Во текот на утрешниот ден ќе има извесно зголемување на облачноста. Доцна попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи особено во планинските предели на Западна и Северозападна Македонија.
Преку денот ќе дува слаб доумерен ветер од јужен правец.
Најниската утринска температура ќе биде во интервал од пет до 12, а дневната од 25 до 30 степени.
Во Скопје облачно. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до околу 10, а дневната ќе достигне до 28 степени.