Земјотрес од 6,6 степени во Индонезија

Од:

Земјотрес со јачина од 6,6 степени утрово ја погоди Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот беше крај брегот на индонезискиот остров Јава, на околу 100 километри од местото Батанг и на длабочина од 500 километри.

Институтот соопшти дека постои мала веројатност дека имало жртви во земјотресот и дека е причинета материјална штета.

Индонезија се наоѓа во Огнениот појас на Пацификот, област на силна сеизмичка активност и вулкански ерупции.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници