ВИДЕО: Во просек, 13 отсто од тестираните за Ковид-19 се позитивни, неделно се прават 8.000 тестови

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција во Владата особено се осврна на бројките и статистиката за Ковид-19 во Македонија.

Тој соопшти дека во земјава, во просек се прават осум илјади тестови неделно.

„Во земјата досега се направени 68.059 тестирања. Стратегијата на широко интензивно тестирање, вклучително и тестирање на контакти на позитивните по индикација дава резултати.

Овој пристап на дава да имаме еден широк увид на состојбата на ширењето на вирусот и овој систем помага да ја стабилизираме ситуацијата во двете жаришта пред се, во скопскиот и тетовскиот регион“, рече минисерот Филипче.

Според него, како резултат на оваа стратегија имаме рана детекција на асимптоматски случаи и нивно изолирање.

„Анализата во однос на процентот на позитивни од тестирани случаи покажува дека имаме просек од 13 проценти од вкупниот број на направени тестови и во изминатиот период оваа бројка не се менува значително“, додаде Филипче.

Тој потенцираше дека светот е далеку од крајот на пандемијата, бидејќи земјите кои веќе имаа прогласено крај на пандемијата, според најновите информации повторно имаат нови случаи на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски