Зибери очекува неговата кандидатура за премиер Албанец да биде поддржана од припадници на сите етнички заедници

Од:

Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери денеска пред Владата одржа прес-конференција на која презентираше делови од својата програма.

-Пред една недела, го презентирав мојот акционен план за моите први 100 дена како прв премиер Албанец, тука на истото место, пред зградата на Владата. Дваесет и пет конкретни мерки што ќе ги спроведам со најголем приоритет од првиот ден на функцијата. Дваесет и пет конкретни мерки, со кои ќе се подобри животот на сите граѓани, не само на Албанците, истакна Зибери.

Тој најави, како што рече, Виш суд за еднаквост, нова институција, која ќе обезбеди еднаква правда и ќе ги истражува сите сомнителни случаи на етничка дискриминација во судовите, во државната администрација, од страна на надлежните органи, во училиштата и на работа.

Презентираше план за еднаква економска преродба со којшто, како што кажа, ќе се создадат илјадници нови работни места и ќе се постигне еднаквост и во приватните компании.

– Данокот нула на приход за вработените под 35-годишна возраст ќе ги зголеми платите, но исто така ќе ги мотивира компаниите да вработуваат млади. Државниот придонес од 50 проценти од социјалниот придонес на новите вработувања, кои што ја зголемуваат еднаквата застапеност, ќе создаде работни места, особено за Албанците, и ќе ги отстрани етничките бариери. Со грантовите од 20.000 евра за млади земјоделци, ќе се подржи земјоделството како еден од најважните столбови на нашата економија, ги истакна неколкуте негови заложби Зибери.

Меѓу другото, тој ја потенцираше и заложбата за обезбедување 20.000 евра државен заем за купување на прв дом, со цел младите да ја изградат нивната иднина во оваа држава.

– Ќе обезбедиме за секое семејство во оваа држава да има барем еден вработен и сигурен приход, рече Зибери.

Кандидатот за премиер на ДУИ најави социјални пензии за сите жени, кои никогаш официјално не работеле, но, според него, придонеле толку многу во градењето на нашата држава и нашето општество.

-Бидејќи вредноста на едно општество, може да се види само преку начинот на кој таа ги третира жените, децата и постарите лица, рече Зибери.

Посочи дека очекува поддршка од албанските граѓани, но и од Македонците, и другите етнички заедници за да се оствари нивниот сон.

-На 16 јули ќе се вратам во зградата на Владата за да ги спроведам сите овие идеи, да го подобрам животниот стандард и да обезбедам еднаквост за сите граѓани. Ги поканувам сите граѓани на Северна Македонија да ни се придружат на ова патување за еден подобар живот, рече Зибери.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски