(ВИДЕО) Бачев: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти во предавството, во истите канцеларии во Брисел кај што оди Заев , по него оди Мицкоски

Од:

Поништување на Преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија враќање на уставното име на државата се црвените линии под кои Единствена Македонија нема да влезе во коалиција со било која од двете најголеми партии изјави претседателот Јанко Бачев во интервјуто за „А1он“. Бачев се надева на влез во Собранието со околу 10 пратеници и вели дека нема да прави пазар по секоја цена.

„За нас нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во сите тие канцеларии во Брисел каде што оди Заев по него оди Мицкоски. За нас овие две партии во оснос на предавството што и го направија на државата се исти. Затоа ние сметаме дека во Парламентот треба да влезе една цврста национална партија која ќе застане зад државните интереси. Мора да престанеме со наредбите од странство и мора да си ја вратиме државата назад“, изјави Бачев.

Според Бачев, државата треба да биде надвор од НATO-алијансата, но и да ги прекине преговорите од Европската унија и да се определи за сојуз со Русија и интегрирање во Евроазиска економска унија.

„За нас како Единствена Македонија, светот не завршува во Брисел и во Вашингтон. Оние лаги што ги слушаме со години дека народот бил за НАТО и за ЕУ, се од лажните анкети на ИРИ и на ЦИА. Ние Макеоднија ќе ја придвижиме кон држави и сојузи кои што не признаваат како македонци. Затоа како Единствена Македонија се залагаме за сојуз со Русија. Што е НАТО помоќен од Русија, за да не брани и ни помага доколку е потребно“, додава Бачев.

Бачев смета дека треба да се поништи и Законот за двојазичност, но и да се спроведе попис кој ќе покаже точно колкав е процентот на малцинските заедници, кој ќе биде показател за уредување на нивните права во државата.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска