Јовановиќ: Се уште ми е неопходен кислород за да ги одморам белите дробови кои се борат со вирусот

Од:

Лидерот на српската партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ преку социјалните мрежи информираше за неговата здравствена состојба.

Zaustavili smo tokom vikenda širenje upale pluća, kiseonik me je sačuvao i još mi je neophodan da bih što više odmarao…

Posted by Čedomir Jovanović on Понеделник, 06 јули 2020

„Изморен сум, во текот на викендот го запревме ширењето на запалението на белите дробови, кислородот ме спаси и уште ми е неопходен за повеќе да ги одмарам белите дробови кои се борат со вирусот. Полека ја смалувам температурата и го смирувам крвниот притисок.

Лекарите се постојано со мене и на секоја промена реагираат со менување на терапија. Втора ноќ по ред, со нивната поддршка успеав да отспијам неколку часови, затоа што најдоа решение за болките кои ме убиваа целата недела. Мислам на сите и за се, чувајте се“, порача Јовановиќ.

Тој беше примен во болница минатата недела поради пневмонија.

Јовановиќ бил во контакт со лице кое било заразено со коронавирусот, а веднаш штом ги почувствувал симптомите на болеста, се пријавил во болница и направил тест.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија