(ВИДЕО) Шахпаска: Поголеми шанси за младите, повисок младински стандард и намалување на младинската невработеност

Од:

Поголеми шанси за младите, повисок младински стандард и намалување на младинската невработеност под 17 проценти до крајот на мандатот, најави денеска од Пехчево носителот на кандидатска листа од коалицијата „Можеме“, Јагода Шахпаска.

Вети дека како носител на кандидатската листа во Третата изборна единица ќе направи се младите да не ја напуштаат државата.

– Во таа насока во изминатите три години, реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја реализиравме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек. Стапката на невработеност кај младите лица денес изнесува 35,3 проценти што е многу пониска од 2016 година кога беше 48,6 проценти. Проектиравме конкретни, ефикасни мерки и политики за четиригодишниот мандат. Стапката на невработеност кај младите до 2024 година ја носиме под 17 проценти. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега, истакна Шахпаска.

Оперативниот план за активни мерки и програми, како што додаде, продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари.

-Силно го поддржуваме младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15 илјади евра. Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметка на младите. Во поранешното „Македонско село“ формираме „Start up Vilage“ кое ќе понуди физички простор за живеење и работа за млади со започнат или бизнис во подготовка, рече Шахпаска.

Најави и продолжување на мерката за 3.000 денари месечен младински додаток за вработени лица во производството до 23 години со завршено најмалку средно образование, како и повисоки плати за сите.

-Додека СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, реализира мерки и можности за младите, ВМРО-ДПМНЕ знаат само да ги крадат парите на граѓаните и да ги бркаат младите надвор од државата, како што го правеа тоа цели 11 години. Затоа на 15 јули изборот е едноставен, силна економија и шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ, порача Шахпаска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ