Јужнокорејскиот Парламент прогласи тревога и ја одложи седницата за ребаланс на буџетот, откако е откриено дека пратеник на владејачката Демократска партија на почетокот од неделата бил во контакт со лице заразено со коронавирус.
Пратеникот Ох Јеонг-Хван, кој во средата присуствувал на настан во својата изборна единица Вионгбу, преку смс ги известил новинарите дека еден од граѓаните со кој се ракувал е заразен со коронавирусот. Пратеникот, кој бил тестиран, објаснил дека имал директен контакт со заразен човек, по што е ставен во карантин.
Се верува дека пратеникот од средата бил во контакт со околу стотина луѓе, меѓу кои и со пратеници и вработени во Собранието. Демократската партија побара од своите пратеници кои биле во контакт со него да останат во своите канцеларии во зградата на Парламентот.