Рускиот буџет бележи загуба од 14,2 милијарди долари поради пандемијата

Од:

Рускиот заменик-министер за финансии, Владимир Количев, изјави дека рускиот федерален буџет бележи загуба од повеќе од 1.000 милијарди рубљи (речиси 14,2 милијарди долари) како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Количев изјави дека  руската економија минува низ тежок период поради пандемијата, пренесува Анадолија.

Тој додаде дека очекуваат буџетскиот дефицит до крајот на годината да изнесува речиси пет проценти од бруто-домашниот производ (БДП).

-Како резултат на преземените мерки поради Ковид-19, загубата на приходите од извозот на нафта и природен гас во рускиот федерален буџет надмина 1.000 милијарди рубли (речиси 14,2 милијарди американски долари), рече Количев.

Тој посочи дека планираат буџетскиот дефицит да го затворат главно преку задолжување.

-Годинава можеме износот на заемот да го зголемиме на 5.000 милијарди рубли. Поради пандемијата, потрошувачката ќе се зголеми од 19.000 на 23.000 милијарди рубли, рече Количев.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија