На Белград му се заканува целосно затворање поради коронавирусот

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака на Кризниот штаб, вечерва треба да ги објави најновите, остри мерки за Белград заради коронавирусот, дознава српски Б92.

Како што соопштуваат српските медиуми, Вучиќ треба да ги објави тие мерки вечерва, за време на неговото гостување на РТС, поради неповолната епидемиолошка состојба во главниот град на Србија.

Според најновите податоци, од вкупниот број на тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.

Вечерва, по состанокот на Кризниот штаб, претседателот на Србија ќе ја објави конечната одлука за нови ригорозни мерки за сузбивање на епидемијата во главниот српски град.

Според информациите на српските медиуми, се размислува за повторно воведување на полициски час во вечерните часови, или целосно затворање на Белград, што ќе значи забрана за влез и заминување од градот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија