Мицкоски од Кичево: Ова е одлучувачки момент, ова не се обични избори

Од:

Ова е можеби одлучувачкиот момент, ова не се обични избори и покрај тоа што можеби се најразлични од сите во независна Македонија затоа што се случи Ковид – 19 што го зафати целиот свет, порача лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кичево.

Тој додаде дека поради некомпетентоноста и калкуланството на нашата влада, како што подвлече, ситуацијата со вирусот трае подолго кај нас и Европа ги затвори границите за македонските граѓани.

– Џабе ни е безвизен режим и сето она што го правевме во изминатите годинини. Тоа дополнително треба да не мотивира на 15 јули да се обединеме, да излеземе, да се заштитиме а потоа да ја поддржиме Македонија, рече Мицкоски.

Ние, потенцира тој, дојдевме до овој 15 јули и само за 30 месеци, за само 2,5 години успеавме да урнеме ненародна власт предводена од ова раководството на СДСМ и Зоран Заев.

– Две недели не делат до рекордна историска победа, што ќе ја донесе нашата Макеоднија, онаа Македонија за која што сонуваме, што ќе биде европска Македонија и богата, Македонија што ќе биде мајка за сите без разлика на нивната етничка припадност, без разлика дали се политички определени или неопределни, сите оние што се чувствуваат обесправени, излажани, измамени, ќе ги прибере под еден кров. Таа е онаа Македонија што ние ќе ја добиеме после 15 јули, а после 15 јули да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме државата затоа што во пепел ќе ја наследиме, рече Мицкоски во Кичево.

Нашта крајна цел е Македонија, потенцира лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, колку таа битка е посложена и потешка, толку нашата цел е поголема и затоа, истакна тој, сите заедно да се обединиме рамо до рамо Македонецот и нашите сограѓани од другите етникуми, кога биле најпотребно се обединувале и се спротивставувале и на многу помоќен противник од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.

– Петнаесети јули е победнички датум и ново ослободување на нашата татковина од прангите што ги наметна ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, рече меѓу другото Мицкоски,

Деновите што следат, говореше Мицкоски пред кичевци, ќе дојде некој од СДСМ и ќе ве убедува дека можат, да можеа, но тоа, нагласи тој, е минато завршено време.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје