Заев: Бидете горди, со членството во НАТО добивме имотен лист на државата

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев порача вечерва од Велес дека граѓаните треба да се гордеат затоа што со членството во НАТО „добиле имотен лист на државата“.

„Бидете горди, со членството во НАТО добивме имотен лист на државата, никој повеќе не ветува НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа! Триесетгодишната стратешка цел членство во НАТО е завршена работа, а 15 години сме земја кандидат за членство во ЕУ и чекаме одлука за почеток на преговорите,“ рече Заев на трибина организирана во рамките на предизборната кампања.

„Сето тоа го добивме и е завршена работа. При тоа не сме веќе непријатели со соседите, туку пријатели и денеска ги имаме за сојузници сите наши пет соседи. Тоа е паметно сите земји градат пријателство, а малите земји уште повеќе градат пријателство за да им се најдат и да им помогнат, за животот подобро економски да го живееме со подобар стандард,“ рече Заев пред велешани.

Тој рече дека договорите што ги постигнале со Бугарија и Грција ни билеа „влезна карта“ за во НАТО и ЕУ.

„Срцето ни се топеше од радост кога се креваше знамето на НАТО пред нашиот Парламент и кога нашето знаме се креваше пред седиштето на НАТО,“ рече претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4 на вечерашната трибина во Велес.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија