Шекеринска: Правилата мора да се почитуваат, општина Охрид има силни аргументи против дивоградбата во Лагадин

Од:

Ако не почитувате правила на Охридското езеро, кое е заштитено од УНЕСКО, може да замислите што ќе се случи со другите општини, рече носителката на листата во изборната единица 5 на коалицијата „Можеме“ и заменик- претседателка на СДСМ Радмила Шекеринска, во синоќешното обраќање до граѓаните во вклучување на Фејсбук.

Таа во одговор на прашања од граѓани во врска со случајот на најголемата дивоградба на Охридското езеро, фамозниот хотел во Лагадин, нагласи дека градоначалникот на Охрид седумпати го поништил решението за градба бидејќи било издадено незаконски и второстепената комисија го потврдила тоа и ова решение не смеело да биде издадено.

Но, по оваа постапка предметот заминал на суд и судот го вратил назад и токму тоа е тој пинг-понг што не фрустрира сите како граѓани и создава недоверба и кај судството и кај општините, но и во целата држава, рече Шекеринска.

Општината има многу силни аргументи и нема да попушти ниту на притисоци и на можни злоупотреби на судството, бидејќи ако оваа дивоградба се дозволи и се толерира, тоа ќе биде знак за сите да не ги почитуваат правилата, порача Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски