За првпат по седум години, крилниот центар на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин нема да учествува во последната фаза од сезоната во НБА – плеј-офот, пред скратената сезона, 30-годишниот кошаркар го истакна својот фаворит за трофејот.
Грин вели дека тимот на Клиперс бил главниот негов фаворит за титулата оваа сезона, но по паузата неговото мислење се сменило во корист на Л.А. Лејкерс.
– Мислам дека Лејкерс се фаворити затоа што го имаат Леброн Џејмс. Тој може да се прилагоди на секоја ситуација. И мислам дека тој е веројатно најдисциплиниран играч што некогаш сме го виделе во НБА лигата. Тоа ќе биде важно во Орландо. Леброн во вашиот тим ви дава мала предност во тековната ситуација, рече Дрејмонд за „ЕСПН“.