Силјаноска Давкова: Ќе обезбедиме над 10 милиони евра за стипендии студентите и услови за вработување на 50.000 млади луѓе

Од:

Професорката Гордана Силјаноска Давкова носител во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје оствари средба со млади и студенти при што истакна дека одличните студенти ќе бидат ослободени од плаќање за магистерски студии, додека пак тие кои имаат просек 8 ќе бидат ослободени од докторски студии.

– Во пониските степени од 2001 година не сме ги менувале курикулумите. Сега до тоа ќе дојде ми се допаѓа дека ќе се вратат стручните училишта, математичките гиимназии, професионалната ориентација. Ако има исклучително талентирани ученици ќе се пренасочуваат во посебни паралелки, а нема да се упросеќуваат и секој во една област да најде своја перспектива, а не каде до сега како енциклопедии се да учат, изјави Силјаноска Давкова, на вчерашната средба.

Таа потенцираше дека владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбедува работа за најдобрите 500 студенти од државните универзитети, како и дека ќе издвои 40 милиони евра за подобрување на студентските домови и животот на студентите во нив. Притоа посочи и дека студентите мора да се чувствуваат како вистински академски граѓани и затоа со над 10 милиони евра ќе бидат издвоени за стипендирање на студентите.

Силјаноска Давкова нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, исто така, се обврзува и на обезбедување услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за време на целиот мандат, но и ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра како и месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје