Французите не се убедени во искреноста на Макрон за заштитата на природната и животна средина

Од:

Експертите за еколошки прашања не се убедени од говорот на претседателот Емануел Макрон за еколошката и енергетска транзиција на Франција, за што тој најави деблокирање на 15 милијарди евра. Според испитувањето на јавното мислење на институтот Југов за Хафингтон Пост, Французите, исто така, не се убедени во неговата искреност за екологијата, јави дописникот на МИА.

На прашањето дали ангажирањето на претседателот Макрон во почнувањето на енергетската транзиција е искрено, 58 отсто од испитаните одговориле негативно. Единствено кај симпатизерите на Републиката во марш само 18 отсто сметаат дека тој не е искрен.

Само три отсто од испитаниците сметаат дека Макрон е искрен во неговите еколошки амбиции, додека 26 отсто дека е малку искрен.

Според анализата, иако говорот на Макрон беше поздравен од еколозите блиски до власта, францускиот претседател сега треба тоа да го докажи на дело. Зелениот бран на општинските избори во големите француски градови без сомневање ќе го натера да оди побрзо, сметат аналитичарите. Имено, дури 66 отсто од Французите во истото испитување се на мислење дека претседателот Макрон не направил доволно за климата во првите години од неговиот мандат, спротивното го мислат 22 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили