Претседателот на Единствена Македонија и предводник на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“, Јанко Бачев, на прес-конференција ја претстави нивната платформа насловена како „Битка за Македонија“, која се дели низ државата во 100.000 примероци.
„Во неа има 10 стратешки определби во кои се нашиот план и визија за Македонија“, вели Бачев.
„Една од нашите определби е Република Македонија унитарна држава со една државна власт на нејзината територија. Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива и без можност за нејзино дезинтегрирање во какви било единки.
Ветувам дека ќе ја оствариме оваа определба, бидејќи Македонија е нашата татковина, Република Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови ќе се борие и за Македонија“, изјави претседателот на Единствена Македонија и предводник на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“, Бачев.