Најголемиот светски провајдер на видематеријали, Јутјуб, им забрани на американски екстремни десничарски активисти да користат шест нивни канали, затоа што ги прекршиле политиките и правилата на платформата со кои се регулира говорот на омраза.
Забраната важи и за некои од најозлогласените екстремни десничари, вклучувајќи го и поранешниот лидер на Кју Клукс Кланот Дејвид Дјук, главниот идеолог на десничарскиот канал Алт-Рајт Ричард Спенсер и каналот „Расен реалист“ Стефан Молонекс.
Со овие забрани, Јутјуб се приклучи на бранот на социјалните мрежи кои преземаат акции против говорот на омраза, пренесе британскиот весник „Гардијан“.