Неколку фудбалери на ПСЖ, чии договори истекуваат денес, ги продолжија договорите со францускиот клуб до вистинскиот крај на тековната сезона. Помеѓу нив е и дефанзивецот Тијаго Силва.
– Голманот Серхио Рико, дефанзивецот Тиаго Силва и напаѓачот Ерик Максим Шупо-Мотинг, остануваат во тимот до завршувањето на сезоната, објави францускиот шампион.
Сепак, ништо не се зборува за статусот на напаѓачот Единсон Кавани. На играчот му истекува договор со парижаните, а Уругваецот отворено изјави дека има намера да го напушти клубот.
За потсетување, француската Лига 1 заврши пред предвиденото, а ПСЖ беше прогласен за шампион. Сепак, францускиот клуб го очекува продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите.