(ВИДЕО) Министерската вила во Охрид е викенд престојувалиште за семејството на Чулев

Од:

Вилата на Министерството за внатрешни работи во Охрид, која функционерите во Министерството ја користат за службени потреби, изминативе денови е престојувалиште за семејството на техничкиот министер, Наќе Чулев. Тој кажа дека неговата сопруга со двете деца се во министерската вила, правдајќи се дека требало и тој да им се придружи. Инаку станува збор за одделен објект од одморалиштето на МВР кое можат да го користат и вработените за службени потреби или пак, приватно да изнајмат соба за која ќе платат паричен надомест.

„Се работи за објект на Министерството за внатрешни работи, не е владин објект, тоа е објект на МВР, кој што се наоѓа во Охрид и каде во моментот на три дена престојува моето семејство и јас требаше да им се придружам, меѓутоа не им се придружив. Тоа е објект кој што е на располагање заедно со одморалиштата на Министерството за внатрешни работи и кој што може да ги користат вработените и менаџментот на МВР“, рече министерот Чулев.

Министерската вила во Охрид досега се користела од сите министри за внатрешни работи кога се пречекувале високи странски претставници, како министри, премиери, амбасадори.

Чулев и претходно се луксузираше на државна сметка, спротивно на правилниците на министерството. „А1он“ веќе објави дека министерот Чулев набавил два „Ајфони“ во вредност од 173.980 денари, неколку денови откако бил назначен на функцијата, иако според правилникот максималниот дозволен износ за еден телефон е 50.000 денари.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа