Нетанјаху подготвен за мировни преговори со Палестинците

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази подготвеност да преговара со Палестинците за воспоставување мир.

– Израел е подготвен за преговори, јас сум подготвен за преговори и верувам дека многу арапски земји се надеваат дека ќе влеземе во такви преговори со Палестинците, рече Нетанјаху во снимената видео порака, емитирана утрово на виртуелен самит организиран од групата „Христијани обединети за Израел“.

Говорејќи за намерата да се воспостави суверенитет на Израел над делови од Западниот Брег, Нетанјаху оцени дека тоаа „нема да ги намали шансите за мир, туку ќе придонесе за мир“.

– Визијата на претседателот на САД (Доналд Трамп) конечно носи крај на илузијата за решение (според моделот) на две држави и повикува на реално решение за две држави, изјави Нетанјаху, оценувајќи дека и Палестинците би требало да го поддржат мировниот план на Трамп.

На 1 јули во израелскиот парламент ќе почне официјална дебата за анексијата. Нетанјаху вети анексија на стратешката долина Јордан и сите еврејски населби, што е околу 30 проценти од Западениот Брег, согласно американскиот план претставен во јануари. Врз основа на тој план, Палестинците би основале своја држава на преостанатите делови од Западниот Брег, но со исполнување на серија остри услови. Палестинците бараат да основаат своја држава на цела територија, што подразбира Појасот Газа со главен град Ерусалим. САД претходно го прифатија Ерусалим за престолнина на Израел.

Сепак, израелските медиуми во последните денови информираат дека Израел го известил палестинскиот претседател Махмуд Абас дека не планира да ја анектира долината Јордан, туку анексијата ќе се ограничи на два-три блока еврејски населби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски