Седум загинати во експлозија на автомобил бомба во Багдад

Од:

Најмалку седум лица загинаа, а 23 се повредени во напад со автомобил бомба во Багдад, соопштија ирачките официјални лица.
Автомобилот експлодирал во отворен трговски центар, во источниот дел на ирачкиот главен град.

Билансот на настраданите во насилството кое што вчера го потресе Ирак се искачи на 125 загинати лица и 268 повредени.
Голем број од жртите настрадаа во судирите при демонстрациите кои што ги организираа сунитите против шиитскиот премиер Нуриј ал Маликиј. Во вчерашните судири на полицијата и демонстрантите загина 27 лица.

Поради порастот на напнатоста помеѓу сунитите и шиите се стравува државата повторно да не падне во нов циклус на меѓурелигиско насилство, наведе „Асошиејтед прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Запалена шведската амбасада во Багдад

Катерина Ѓуровски

Поддржувачите на ал Садр се повлекуваат од Зелената зона во Багдад

А1он

Приврзаници на ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад

А1он

Експлозија во Багдад, цел бил австралиски дипломат

А1он

ВИДЕО: Две ракети паднаа во близина на американската амбасада во Багдад

А1он

Две ракети ја погодија зелената зона во Багдад, во близина на Американската амбасада