Талат Џафери од Битола: Ќе ја почитуваме волјата на граѓаните

Од:

Докажав дека зборувам и работам за граѓаните и нивните интереси кои ги претставувам во Собранието, и затоа верувам дека и овој пат граѓаните ќе знаат да го изберат најдоброто од понуденото, изјави кандидатот за пратеник Талат Џафери, носител на листата кандидати за пратеници од партијата ДУИ во ИЕ5.

На промотивниот настан пред Почесниот конзулат на Република Албанија во Битола, Џафери им порача на граѓаните најнапред да го чуваат своето здравје бидејќи изборите се организираат во специфични услови предизвикани од корона вирусот, а потоа и да го искористат своето право да избираат.

-Идејата за албанец премиер е реална и таа потекнува од пред 11 години кога беше истакната на партиски конгрес во време кога најбитните државни функции ги водеа исклучиво претставници на македонскиот народ. Тогаш нашиот лидер искажа јавна идеја и потреба за израз на еднаквоста во правото и во поделба на одговорноста при менаџирањето со институциите. Со текот на времето тоа и се покажа со добивањето на функцијата министер за одбрана, потоа претседател на Собранието, во техничката влада имавме и министер за внатрешни работи и тоа е доказ дека не се случило ништо што било спротивно од потребата за еднаквост на граѓаните во правата и обврските кои што ги уживаат според Уставот. Идејата е реална, таа ќе зависи од бројките во Собранието по завршувањето на изборите, а ние ќе ја почитуваме волјата на граѓаните, изјави Џафери во Битола.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он