Полицаец фатен како црта графити со натпис „ВМРО-ДПМНЕ“

Од:

Полицаец вчера по полноќ бил затекнат во Тетово како црта графити со политичка содржина на јавна површина, дознава „А1он“. Кога полициска патрола при обиколка на градот го затекнала службеникот, графитот со знамето од Вергина и натписот ВМРО-ДПМНЕ веќе биле исцртани. Полицаецот го цртал графитот со повеќе од пет лица кои го придружувале.

Прашани од полициската патрола дали имаат дозвола за цртање на графити на јавна површина, кажале: „Ќе прашате во седиштето на партијата“. Полицаецот сам се легитимирал како колега на службениците кои патролирале, иако тие му побарале само лична карта.

Според информации на „А1он“, полицаецот е вработен во гранична полиција.

Засега, нема информација дали се легитимирани и останатите кои го цртале графитот, како и, дали ќе се поведе постапка против нив. За веќе е поднесена службена белешка која треба да биде процесирана до Одделот за внатрешна контрола, каде ќе треба да одлучат дали да се покрене дисциплинска постапка против него.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас