Хакими пред потпис со Интер

Од:

Екипата на Интер ги совлада екипите на Баерн Минхен и Манчестер Сити за потписот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид, тврди италијанскиот новинар Џaнлука Ди Марцио. Според него, „нероазурите“ ќе платат 45 милиони евра, а трансферот ќе биде финализиран денес, со тоа што „белите“ првично добија 40 милиони евра, а остатокот во форма на бонуси.

Ди Марцио исто така тврди дека Баерн и Сити биле подготвени да понудат 60 милиони евра и плата за Хакими, многу поголема од петте милиони евра што ќе ги добие од гигантот од Милано во секоја од следните пет сезони. Сепак, Мароканецот сметал дека Интер е „совршен чекор“ за следната фаза од неговиот развој заради амбициите на клубот.

Дваесет и едно годишниот дефанзивец ги помина последните две сезони на позајмица во Борусија Дортмунд, постигнувајќи 12 голови и обезбеди 17 асистенции на 72 одиграни натпревари.

Тој можеби веќе го одигра својот последен натпревар за Дортмунд, со оглед дека тие веќе се безбедни за второто место во Бундеслигата.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска