Претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Брисел порача дека граѓаните на Србија мораат да бидат одговорни и дисциплинирани кога се работи за заштитата од коронавирусот, и не ја исклучи можноста за враќање на рестриктивните мерки во државата.
Во изјава за српските медиуми, тој рече дека граѓаните на Србија мораат да бидат сериозни и дисциплинирани, особено жителите на главниот град.
Тој додаде дека вирусот не е премногу сериозен, освен за постарите лица и оние кои имаат хронични болести, како на пример дијабетот, и дека околу 95 отсто од младите го прележале без притоа да имаат посериозни здравствени проблеми.