На граничниот премин Табановце до 10 часот поминале вкупно 3217 патници, сооштија од МВР.
Од нив во земјава се влезени 1984 лица од кои 1308 домашни и 676 странски државјани.
Од државата излегле 1233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани.
Владата на 72 седница донесе одлука од денеска целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.
На српска страна се пропуштаат македонските патници без ПЦР тест и без обврска за карантин.