Јувентус му понуди на напаѓачот Пари Сен Жермен Златан Ибрахимовиќ четиригодишен договор и плата од 7 милиони евра годишно за повторно да дојде во Торино, пишува италијанскиот весник Газета дело спорт.
Сумата што „Старата дама“ му ја нуди на Ибрахимовиќ не ги вклучува бонусите, кои според весникот, се исто така во милионски износ.
Шведскиот репрезентативец моментално заработува 12 милиони евра по сезона во Пари Сен Жермен, за кој досега одигра 41 натпревар и постигна 32 гола.
Ибрахимовиќ играше за Јувентус од 2004 до 2006 година и со црно-белите од Торино освои две Скудета.
Освен на Јувентус и на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ во текот на кариерата ги носеше и дресовите и на Малме, на Ајакс, на Интер, на Барселона и на Милан.